Линкови за пристапност

Доналд Трамп Јуниор сепак ќе сведочи во Конгресот


Тој треба да се појави пред Сенатската комисија за разузнавање следниот месец

Сенатската комисија за разузнавање се договори со синот на претседателот Доналд Трамп Јуниор да се појави на сведочење зад затворени врати во јуни.

Комисијата води двопартиска истрага за руското мешање во изборите во САД во 2016 година, и сака уште еднаш до го испраша Доналд Трамп Јуниор, поради контрадикторни изјави кои се појавија по сведочењето на поранешниот адвокат на Трамп Мајкал Коен.

Трамп Јуниор првично одби да сведочи, поради што Комисијата издаде наредба тој да се појави на уште едно интервју.

Меѓу темите на сослушувањето, ќе биде и изградба на кула на Трамп во Москва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG