Линкови за пристапност

Трамп ќе именува судии за пониските судови


Двајца од кандидатите се очекува да бидат од претходната листа за можни номанции за Врховниот суд

Претседателот Доналд Трамп, чија конзервативна номинација за Врховниот суд - Нил Горсач, беше потврдена неодамна, планира да именува дополнителен број конзервативни судии за пониските судови.

Неговите помошници велат дека десет лица од листата на Трамп што вклучува пет номинации за апелационите судови, се лица кои често играат значајна улога во интерпретација на американските закони. Номинациите мора да бидат потврдени од Сенатот.

Двајца од новоименуваните кандидати за апелационите судови се очекува да бидат судии од претходната куса листа на Трамп за можни номанции за Врховниот суд: Џоен Ларсен, од Врховниот суд во Мичиген и Дејвид Старс од Врховниот суд во Минесота.

Трамп го смета изборот на судијата за Врховниот суд Нил Горсач за едно од најголемите достигнувања од почетокот на преземање на функцијата, наваму.

Горсач го пополни испразнетото место во овој суд минатиот месец, по исцрпен процес за негова потврда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG