Линкови за пристапност

Прв ден слобода за затвореничката што ја помилува Трамп


Алис Мари Џонсон беше осудена доживотно за продажба на дрога, а нејзино помилување иницира ТВ ѕвездата Кардашијан

Алис Мари Џонсон, која беше осудена на доживотна казна затвор за продажба на дрога, од денес е на слобода.

Претседателот Доналд Трамп ја помилува вчера, по минатонеделниот разговор со телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан Вест, која побара нејзино помилување.

Џонсон им се заблагодари на Трамп и Кардашијан, давајќи заклетва дека нема да се врати во затвор.

„Нема да ја пропуштам оваа втора шанса во животот. Верувам дека Господ ми ја даде оваа шанса, кои многу други ја немаат. Имам обврска не само кон моето семејство, кое ме чекаше сите овие години, туку и кон луѓето што останаа зад мене“, рече таа.

Белата куќа соопшти дека Џонсон презела одговорност за нејзиното поранешно однесување, и изминативе две децении, била пример за затвореник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG