Линкови за пристапност

ЕУ нема да го признае Ерусалим за главен град на Израел


Могерини рече дека Унијата нема да му се приклучи на Трамп во одлуката за признавање, и оти верува во решение, кое значи две држави една до друга

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека верува оти повеќето или сите европски држави, ќе ги преселат нивните амабасади во Ерусалим, и ќе го признаат за главен град на Израел, откако претседателот на САД Доналд Трамп го направи тоа минатата недела.

Обраќајќи се во Брисел, во присуство на шефицата за надворешна политика на Европската унија, Нетанјаху рече дека признавањето на Трамп на Ерусалим „става на маса реални факти“, и оти „мирот е базиран на реалност“.

„Време е Палестинците да ја признаат Еврејската држава, како и да признаат дека има главен град, а тој е Ерусалим. Верувам, иако за тоа се` уште немаме договор, дека ќе се случи во иднина. Верувам дека сите европски држави ќе ги преселат нивните амбасади во Ерусалим“, рече Нетанјаху.

Но, шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, не се согласи со Нетанјаху, велејќи дека ЕУ нема да му се приклучи на Трамп во признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Таа рече дека Европската унија верува во решение за конфликтот меѓу Израел и Палестинците, кое е базирано на две држави една до друга, со Ерусалим како главен град на двете држави.

Протестите против одлуката на Трамп продолжија и вчера.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG