Линкови за пристапност

Израел очекува и други држави да го признаат Ерусалим по примерот на САД


Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека планот на Трамп е еднаков на откажување на САД од нивната улога како мировен медијатор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не се сомнева оти други држави ќе го следат примерот на САД, во признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Нетанјаху очекува штом Американската амбасада се пресели во Ерусалим, и други држави да ги преместат нивните амбасади во овој град.

Тој изјави дека неговата Влада е во контакт со други држави, за релокација на нивните амбасади во Ерусалим, но, не откри кои се тие држави.

„Немам сомнежи дека во моментот кога ќе се пресели Амбасадата на САД во Ерусалим, дури и претходно, ќе има преместување и на други амбасади. Дојде времето“, рече Нетанјаху, пред присутните во Министерството за надворешени работи денес.

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја промени децениски долгата американска политика кон Ерусалим, и да почне процес за преселување на Амбасадата од Тел Авив, предизвика реакција кај палестинските лидери.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека планот на Трамп е еднаков на откажување на САД од нивната улога како мировен медијатор.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини Трамп за фрлање на Блискиот исток во „арена со огaн“, со прогласување на поделениот свет град Ерусалим за израелски главен град.

Израелската Армија постави дополнителни трупи во окупираниот Западен Брег, како дел од „подговотеност за можен развој на настаните“.

Дури и некои од сојузниците на Вашингтон во регионот, изразија загриженост за промена на американската политика.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG