Претседателот Доналд Трамп денес планира да најави дека САД го признаваат Ерусалим за главен град на Израел, и оти ќе ја пресели Американската амбасада од Тел Авив.
Во пресрет на најавата на Трамп, неколку палестински протестанти во Витлеем, го искажаа нивниот гнев кон плановите за признавање на Ерусалим за израелски главен град.
„Запаливме фотографии од Трамп, со цел да испратиме порака до Американците, лично до Трамп, како и до сите луѓе во светот, дека нема да прифатиме преместување на Амбасадата на САД во Ерусалим. Ерусалим е палестински главен град. Со овој потег, Трамп ги поминува сите црвени линии во политиката. Ќе продолжиме да се бориме Ерусалим да биде наш главен град“, изјави Мунтер Амира, палестински активист.
Официјални лица од Белата куќа вчера изјавија дека Ерусалим не е само историски главен град за еврејскиот народ, туку и главно седиште на Израелската влада од основањето на модерен Израел во 1948-та година.
Официјални лица изјавија дека Трамп ќе побара Стејт департментот да почне да прави планови да ја пресели Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, потег за кој ќе бидат потребни години за да се спроведе.
Некои официјални лица во Вашингтон изразија загриженост можност од реакција против Израел и американските интереси во регионот.
Американскиот конзулат им забрани на американските владини работници и нивните фамилии, приватно да патуваат во Стариот град на Ерусалим, вклучувајќи ги Витлеем и Јерихон, по најавите за демонстрации.
Американските амбасади ширум светот, исто така, побараа зголемена безбедност.
Facebook Forum