Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп најави 122 милиони долари за нови програми и партнерства, како дел од Иницијативата за глобален развој и просперитет на жените, како и нови планови за правни реформи, кои ги адресираат ограничувањата на жените за економска вклученост во светот.
Овие реформи претставуваат глобален владин пристап, чија цел е да опфатат 50 милиони жени во земјите во развој до 2025 година. Идејата е тие да добијат професионална обука, да се поттикне претприемништвото и да се елиминираат пречките за нивна економска вклученост во општествата.
Советничката на претседателот Иванка Трамп, заедно со советникот за национална безбедност Роберт О`Брајен и заменик -државниот секретар Стивен Биган, ја најавија иницијативата со виртуелно појавување на приватните партнери, меѓу кои Волмарт, Мајкрософт и Мастеркард.
Иницијативата доаѓа во време на големи предизвици со пандемијата на ковид-19, која ја истакна родовата нееднаквост во светот.
Facebook Forum