Линкови за пристапност

Трамп во ненајавена посета на американските сили во Ирак


Заедно со претседателот се и првата дама Меланија Трамп, мала група помошници и агенти на Тајната служба, како и група новинари

Претседателот Доналд Трамп направи ненајавена посета на американските војници во Ирак. Ова е негово прво патување во конфликтна зона по речиси две годишното претседателствување и доаѓа на само неколку дена по објавувањето на одлуката за повлекување на американските војници од Сирија.

По ноќниот лет од Вашингтон, претседателскиот авион слета во воздухопловната база Ал Асад која се наоѓа западно од Багдад. Заедно со претседателот се и првата дама Меланија Трамп, мала група помошници и агенти на Тајната служба, како и група новинари. Според планирано посетата требало да трае околу три часа.

Некои припадници на американската армија негодуваа поради тоа што тој досега не посети американски војници во конфликтните зони. Незадоволството беше посебно истакнато откако тој заради дождот минатиот месец ја откажа посетата на воени гробишта од Првата светска војна лоцирани во Франција.

Откако минатата година Исламската држава претрпе серија порази, во Ирак е релативно мирно. Мисијата на американските војници е обука и советување на ирачките сили.

Пред да се врати дома, Трамп ќе ги посети војниците во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

(Ројтерс)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG