Линкови за пристапност

Трамп знаел за посетата на Зариф, но одбил да се сретне со него


Посетата на иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на Франција, каде се одржува самитот на светските лидери на Г-7, не била изненадување за претседателот Доналд Трамп, кажа денеска американскиот лидер.

Трамп на новинарите во Биариц, на почетокот на средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси, им рече дека го почитува доаѓањето на Зариф да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и содругите.

Трамп рече дека бил во контакт со Макрон и знаел се` што прави тој и истото го одобрил.

Иран и САД имаат затегнати односи откако Трамп минатата година се повлече од меѓународниот договор што ја ограничуваше иранската нуклеарна програма во замена за ослободување од санкции. Трамп потоа додаде нови санкции, особено целејќи на нафтениот сектор, што нанесе голема штета на економијата на државата.

Денеска Трамп кажа дека не сака менување на режимот во Иран, но дека сака државата да „запре со тероризмот“.

Трамп исто така кажа дека е убеден дека тоа ќе се случи, но не сакал во неделата да се сретне со Зариф, зашто било „премногу рано за такви разговори“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG