Линкови за пристапност

Трамп до Иран: Никогаш не им се заканувајте на САД, ќе се соочите со невидени последици


Претседателот возврати на изјавата на иранскиот претседател, кој го предупреди Трамп да не игра со опашката на лавот оти ќе се покае

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди иранскиот претседател Хасан Рухани никогаш да не им се заканува на САД.

„Никогаш повторно не им се заканувај на САД или ќе се соочите со последици, какви што неколкумина виделе во досегашната историја. Повеќе не сме држава која ќе ги прифаќа вашите неразумни зборови на насилство и смрт. Бидете претпазливи“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.

Претседателот одговори на извештаите кои претходно го цитираа Рухани кој, пак, го предупреди Трамп да не игра со опашката на лавот, оти тоа единствено ќе доведе до покајување.

„Америка мора да сфати добро дека мир со Иран е мајка на мирот, додека војна со Иран е мајка на сите војни“, рече Рухани.

Твитот на Трамп дојде кратко откако државниот секретар на САД Мајк Помпео одржа говор во претседателската библиотека во Калифорнија „Роналд Реган“, при кој ги искритикува иранските лидери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG