Американскиот Сенат се очекува во четврток да гласа за резолуцијата со која што ќе се ограничи можноста на претседателот Доналд Трамп да изврши воени операции против Иран без овластување на Конгресот.
Резолуцијата за воените сили има доволно поддршка да помине, но не и да се надмине можното вето на Трамп.
Претседателот на Твитер напиша порака дека демократите со оваа мерка се обидуваат да ја засрамат Републиканската партија.
Демократот, Тим Каин од Вирџинија, кој е ко-спонзор на резолуцијата, рече дека законодавството не е насочено кон Трамп или републиканците.
„Резолуцијата е прилично едноставна. Не треба да бидеме во војна со Иран, освен ако Конгрес не го изгласа тоа.“, рече тој.
Facebook Forum