Линкови за пристапност

Обелоденувајќи нова, поостра стратегија спрема Техеран, Трамп воведе нови санкции против Иранската револуционерна гарда, заради, како што кажа, поддршка на тероризмот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не се придржува до Нуклеарниот договор од 2015-та, и нагласи дека сега на потег е Конгресот, кој мора да ја поправи спогодбата.

Обелоденувајќи нова, поостра стратегија спрема Техеран, Трамп воведе нови санкции против Иранската револуционерна гарда, заради, како што кажа, поддршка на тероризмот.

„САД ќе се спротистават на насоките на Иран за развивање на нуклеарно оружје“, додаде претседателот.

Трамп обелодени дека новата стратегија вклучува соработка со сојузниците на САД да се борат против „дестабилизирачката политика“ на Иран, и неговата поддршка на тероризам во регионот, како и дополнителни санкции да се спречи иранското финансирање на терор, и развој на нуклеарни програми кои се закана за Блискиот исток.

Белата куќа соопшти дека претседателот, во консултација со неговиот тим за национална безбедност, „ја одобрил новата стратегија за Иран“.

Трамп остро се спротивстави на спогодбата, уште од нејзиното потпишување во 2015-та. Договорот беше постигнат меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и ЕУ.

Обвинувањата кон Иран се дека сака да ги искористи пропустите во договорот, одбивајќи ОН да извршат увид во нуклеарните капацитети на воени локалитети, однесување што Белата куќа вели дека „не може да се толерира“.

Политиката на Трамп спрема Иран, се фокусира на „неутрализирање на дестабилизирачкото влијание на иранската влада и продолжителната агресија, особено поддршката за тероризмот и милитантите“.

Официјални претставници на Белата куќа рекоа дека целта ќе биде „да се оттргне иранскиот режим од начините да дојде до нуклеарно оружје“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG