Линкови за пристапност

Трамп: Главниот правобранител ќе одлучи кога ќе го објави извештајот на Мулер


Според иноформациите во некои медиуми, извештајот ќе излезе во јавноста на почетокот на наредната недела

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе биде до главниот правобранител да одлучи кога и како ќе го објави јавно извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за истрагата за Русија.

Трамп ова го изјави, по информациите објавени на телевизијата Си-Ен-Ен, дека комплетниот извештај на Мулер ќе биде објавен на почетокот на наредната недела.

Засега, се` уште нема информација од обвинителите за наводна соработка на советниците на Трамп со руски официјални лица, со цел да се влијае врз резултат на изборите во САД во 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG