Линкови за пристапност

Трамп до демократите: Владата ќе страда ако водите истрага против мене


Претседателот на САД Доналд Трамп на прва прес конфренција по конгресните избори одговараше на прашања на новинарите од можните истраги против него, па се до караванот мигранти кој се движи кон САД

Претседателот Доналд Трамп, охрабрен од победата на републиканците во Сенатот, во средата испрати предупредување до новото мнозинство на демократите во Претставничкиот дом: „Водете истрага против мене и јас ќе водам истрага против вас. Тоа ќе се одрази на владата.“

Напоменувајќи дека неговата Републиканска партија ја задржа контролата над Сенатот во вторникот, тој рече дека ако демократите во Претставничкиот дом почнат да го гонат „има нешто“ што се нарекува Сенат на САД.

Одговарајќи на повеќе прашања на прес конференција во Белата куќа, Трамп повика на обединување и рече дека демократите и републиканците треба да ги остават настрана партиските работи и да работат заедно.

Некои демократи од Претставничкиот дом се заканија дека ќе ги искористат овластувањата што ќе ги добијат во јануари, за да ги истражат активностите на Трамп и на администрацијата. Но, тој предупреди дека ќе одговори на тоа и владата ќе страда.

Освен тоа, рече тој, демократите немаат „ништо“ за него.

За истрагата на специјалниот обвинител за руското мешање, која ја засенува неговата администрација повеќе од 18 месеци, Трамп рече: „Можев и досега да го завршам. Можам и сега“, но „решив да не го направам тоа“.

Запрашан за караванот мигранти кој се движи кон САД Трамп рече дека тоа е инвазија на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG