Линкови за пристапност

Трамп: Меркел направи катастрофална грешка


Новоизбраниот претседател во интервју кажа дека бегалската криза е виновна за Брегзит

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп вели дека германската канцеларка Ангела Меркел направила „катастрофална грешка“ дозволувајќи илјадници мигранти да влезат во Германија.

Во интервју за британскиот „The Times of London“ и за германскиот весник „Bild“, Трамп кажа, „мислам дека таа направи катастрофална грешка со примањето на сите тие илегални мигранти, знаете сите тие луѓе без разлика од каде доаѓаат.“

Мнозинството од мигрантите се муслимани кои бегаат во Европа од војните, тероризмот и сиромаштијата од земји како Сирија, Ирак и Авганистан.

Трамп исто така кажа дека тој отсекогаш имал „голема почит“ за Меркел и ја нарече „фантастичен“ лидер. Но, додаде дека Германците „добиле јасна претстава“ за последиците од нејзината мигрантска политика–најверојатно мислејќи на декемврискиот напад во Берлин во кој загинаа 12 лица.

Лицето кое го изврши нападот беше од Тунис, и во Германија пристигнало пред Меркел да ги отвори вратите за бегалците од Блискиот исток. Тој по нападот избега во Италија и беше убиен од полицијата.

Трамп за одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија ја обвини бегалската криза.

„Верувам дека ако тие (ЕУ) не беа принудени да ги прифатат сите овие бегалци...мислам дека немаше да се случи Брегзит.“

Тој Брегзит го нарече добра работа, и предвиде дека и други земји ќе ја напушат Европската унија, затоа што исто како и Британија, тие го сакаат нивниот идентитет.

Трамп исто така кажа дека НАТО е „старомоден“ затоа што бил создаден многу, многу години порано..земјите членки не плаќаат за тоа што треба..и е застарен затоа што не се справил со тероризмот.“

Но веднаш потоа кажа дека НАТО е „многу важен за мене.“

XS
SM
MD
LG