Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, за вршител на должноста шеф на разузнавачките служби на САД.
Гренел нема непосредно искуство во разузнувачката заедница, но се смета за цврст поддржувач на Трамп. За него не е потребна потврда од Сенатот.
Некои политички аналитичари сметаат дека ова е можна причина зошто Трамп го поставува на оваа позиција.
Гренел би бил првиот јавно деклариран хомосексуалец во кабинетот во американската историја.
Facebook Forum