Претседателот на САД Доналд Трамп, предложи приватизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај, a aдминистрацијата најави дека фокусот неделава ќе биде на инфраструктурата.
Контролата на воздушниот сообраќај во моментов работи под Федералната администрација за авијација. Гери Кон, главен економски советник на Трамп, изјави дека приватизацијата ќе помогне да се намали времето на патување и трошоците за гориво.
Подоцна неделава, претседателот ќе ја посети сојузната држава Охајо, каде ќе разговара за подобрување на насипи и брани, клучни за превозот во земјоделство. Потоа е планиран состанок со група гувернери и градоначалници, а во петок, Трамп треба да го посети Министерството за сообраќај, каде ќе се осврне на регулаторните реформи поврзани со патишта и железница.
За време на претседателската кампања, американскиот претседател се заложи за програма вредна еден трилион долари, со цел да се среди инфраструктурата во државата. Во неговиот предлог-буџет се вклучени 200 милијарди долари за инфраструктура, што владата верува дека ќе доведе до други инвестиции. Белата куќа, воедно разговарала и за мотивирање на локалните власти за продажба на постоечката инфраструктура на приватни фирми.
Сенаторот Брајан Шац, демократ кој ги претставува Хаваите, вели дека таквиот пристап е „буквално спротивен на планот за инфраструктура“, и е „неуспешен уште на самиот старт“.
Рик Ларсен, влијателен демократ во Поткомисијата за авијација при Претставничкиот дом, предлогот за приватизација на контролата на летови го нарече „уште една идеја за која вреди да се убие“.
„Конгресот ќе треба многу да се изјаснува за ова“, напиша Ларсен на Твитер.
Facebook Forum