Линкови за пристапност

Трамп сигнализираше намалување на тензиите Пакистан - Индија


Се надеваме дека ова ќе дојде до крај, рече американскиот претседател, по средбата со Ким Јонг Ун

Претседателот на САД Доналд Трамп сигнализираше дека може да дојде до намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан, откако ситуацијата ескалираше поради конфликтот меѓу воздухопловните сили.

„Ова се реално позитивни вести од Пакистан и Индија. Бевме инволвирани во обидите да се стопираат тензиите. Да се надеваме дека ќе дојде крај она ова“, рече Трамп по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Виетнам.

Пакистанскиот премиер најави дека во знак на постигнување мир, неговата држава ќе го ослободи индискиот пилот, кој беше заробен кога Пакистан го собори индискиот воен авион.

Индиските воздухопловни сили го поздравија потегот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG