Линкови за пристапност

Трамп и Моди најавија голем трговски договор


Претседателот на САД, исто така, рече дека се договориле Индија да купи хеликоптери и друга воена опрема од САД во вредност од три милијарди долари

Претседателот на САД Доналд Трамп и индискиот премиер Нарендра Моди, денес најавија дека двете држави работат на голем трговски договор, откако претходно имаа разговори во Њу Делхи.

„Нашите тимови постигнаа голем напредок околу сеопфатен трговски договор, и јас сум оптимист дека ќе можеме да постигнеме договор кој ќе биде од големо значење за двете држави“, рече Трамп.

Тој, исто така, најави дека се договориле Индија да купи хеликоптери и друга воена опрема од САД во вредност од три милијарди долари, нагласувајќи дека двете држави планираат да ја продолжат соработката во борбата против тероризмот, како и да ја зголемат кибернетската и поморската безбедност.

Трамп рече дека односите САД - Индија сега се посилни од кога и да било досега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG