Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се обрати од Белата куќа во врска со ослободувањето од вина во процесот за импичмент.
Трамп ова го најави во порака на Твитер, само неколку часа по ослободителната пресуда [[ https://twitter.com/realDonaldTrump?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Eauthor ]]
Сенатот гласаше 52 спрема 48 за ослободување на претседателот од вина за злоупотреба на функцијата. Трамп, исто така беше прогласен за невин за опструкција на Конгресот со 53 спрема 47 гласови.
Со тоа заврши речиси четири месечниот напор на конгресните демократи да го отстранат Трамп од функцијата.
Facebook Forum