Линкови за пристапност

Утре почнува судењето за импичмент на американскиот претседател Трамп


Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп денеска го оценија случајот за импичмент против него како „опасно изопачување на Уставот“, тврдејќи дека тој не сторил „апсолутно ништо лошо“ притискајќи ја Украина да покрене истрага за да има политичка корист од тоа.

Тие рекоа дека демократските законодавци вршат притисок за импичмент на републиканскиот претседател и неговото отстранување од функцијата, не обидувајќи се да ја откријат вистината за постапките на Трамп поврзани со Украина, туку да го поништат неговиот избор во 2016 година и да се мешаат во неговата кампања за реизбор на изборите во 2020.

Адвокатите на Белата куќа денеска ги изнесоа нивните аргументи во судењето за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во претходен, пократок одговор на наводите за импичмент одобрени од Претставничкиот дом, адвокатите изјавија дека Сенатот мора да ги отфрли обвиненијата против Трамп затоа што тие „се засноваат на опасни уставни прекршувања кои што би нанеле трајна штета на структурата на власта.“

Тие тврдат дека Домот се обидува да ја поткопа моќта на претседателот да ја одредува надворешната политика и дека се обидува да ја контролира и казни извршната власт за истакнувањето на нејзините уставни привилегии.

Во врска со обвинението дека Трамп ја злоупотребил својата моќ барајќи од странска држава да покрене истрага што ќе му биде од политичка корист, адвокатите тврдат дека Домот се обидува да ја поткопа моќта на претседателот да ја утврдува надворешната политика.

Законодавците ќе одлучувааат дали Трамп извршил „високи кривични дела и прекршоци“, стандард на Уставот на САД поставен за отстранување на претседателот од функцијата. Сепак малку е веројатно дека сенатот со републиканско мнозинство ќе го осуди Трамп, кој е републиканец, бидејќи се потребни две третини од гласовите за претседателот да биде отстранет од Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG