Линкови за пристапност

Џулијани би сведочел во процесот за импичмент на Трамп


Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп и клучна фигура во притискањето на Украина да покрене истрага од која политички ќе профитира Трамп, изјави дека ќе сведочи на претстојниот судски процес за импичмент на претседателот и ќе стори сé што може за да го види ослободен.

„Би сведочел, би направил демонстрации“, рече Џулијани при пристигнувањето на новогодишната забава на имотот на Трамп на Флорида.

„Би сакал да го истражам случајот. Не знам дали некој би имал храброст да ми го даде предметот“, рече тој.

Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк и долгогодишен доверлив соработник на Трамп, не се очекува да биде еден од адвокатите на Трамп кој ќе го брани во судењето во Сенатот, а советникот во Белата куќа, Пет Сипилон, најверојатно ќе биде главниот адвокат на Трамп.

Трамп е обвинет за злоупотреба на службената положба со вршење притисок Киев да отвори истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден и за опструирање на Конгресот со попречување на истрагата за неговите активности поврзани со Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG