Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ќе гласа за импичмент на Трамп


Претставничкиот дом на Соединетите американски држави се очекува денеска да гласа за импичмент на претседателот Доналд Трамп, со што тој би станал трет претседател во историјата на државата кој ќе се соочи со судење за импичмент.

Претставничкиот дом, според правилата усвоени во вторникот, шест часа ќе расправа за одредбите за импичмент, според кои Трамп се обвинува дека ги злоупотребил овластувањата како претседател со барањето за мешање на Украина во изборите во САД во 2020 година и со опструирање на конгресната истрага.

Се очекува гласање во вечерните часови, во исто време кога Трамп е предвидено да зборува на предизборниот митинг во државата Мичиген.

Со оглед на тоа што демократите го контролираат Претставничкиот дом, одредбите за импичмент се очекува да поминат и покрај приговорот на малцинските републиканци. Судењето во Сенатот би следувало во јануари, но оглед на тоа што таму контролата ја имаат републиканците и потребно е двотретинско мнозинство за да се осуди претседателот, Трамп веројатно ќе остане на функцијата.

Пред гласањето на Претставничкиот дом, Трамп во пораки на Твитер ја критикуваше истрагата против него и во своја одбрана повтори дека не сторил „ништо лошо“.

„Не сум загрижен!“, напиша тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG