Линкови за пристапност

Шумер предложи судска покана за 4 службеници на Белата куќа за судењето за импичмент


Со оглед на тоа што Претставничкиот дом на Соединетите американски држави оваа недела се очекува да го отповика претседателот Доналд Трамп, првиот демократ во Сенатот побара комора што ќе го спроведе судењето за импичмент за да се сослушаат четворица клучни сведоци од администрацијата на Трамп.

Лидерот на малцинството Чак Шумер во писмо до лидерот на мнозинството Мич МекКонел во неделата напиша дека Сенатот треба да упати судска покана до вршителотот на должност шеф на канцеларијата на Белата куќа, Мик Мулвани и неговиот помошник Роберт Блер, како и поранешниот советник за национална безбедност Болтон и официјалниот претставник за буџет Мајкл Дафи.

Шумер истакна дека комисиите на Претставничкиот дом кои ја спроведуваат истрагата за импичмент побарале од сите четворица официјални лица да се појават на сослушување, но никој не го стори тоа.

Претставничкиот дом се очекува да гласа во среда за да ги одобри двете одредби за импичмент на американскиот претседател Трамп кои ги усвои законодавно-правната комисија на Претставничкиот дом. Судскиот процес во Сенатот со републиканско мнозинство би се одвивал во јануари, при што малку е веројатно дека Трамп ќе биде отстранет од функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG