Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом се очекува да ги одобри членовите за импичмент против претседателот Доналд Трамп уште денеска, бидејќи мнозинството демократи вршат притисок да биде казнет лидерот за кој велат дека ја злоупотребил неговата моќ, додека републиканците го критикуваат процесот како политички мотивиран и укажуваат на недостаток на докази.
Комисијата синоќа расправаше за наводите во кои се обвинува дека Трамп дека ја злоупотребил својата позиција со барање странска влада - Украина - да се вмеша во изборите во 2020 година и да го опструира Конгресот со насочување на неговата администрација да ги игнорира судските покани додека законодавците го истражуваат неговото однесување.
Дебатата е предвидено да продолжи денеска пред комисијата да одржи гласање за тоа дали предметот да се испрати до полниот состав на Претставничкиот дом.
Трамп негира дека ја злоупотребил моќта. Тој повеќе пати се осврна на неговите разговори со украинскиот лидер Володимир Зеленски и рече дека изјавите на Зеленски и други украински претставници ја потврдуваат неговата невиност.
Facebook Forum