Линкови за пристапност

Судот одлучи дека МекГан мора да сведочи во постапката за импичмент на Трамп


Федерален американски судија донесе одлука дека поранешниот советник на Белата куќа Доналд МекГан мора да се придржува кон покана од Претставничкиот дом за неговото сведочење во истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Судијката Кетанџи Браун Џексон од судот на Дистриктот Колумбија кажа дека претседателот „нема моќ“ да го ослободи од сведочење МекГан или било кој од другите сегашни или поранешни официјални претставници на Белата куќа.

Администрацијата на Трамп планира да ја обжали пресудата. Во меѓувреме, адвокат на МекГан рече дека ќе се придржува кон поканата на Претставничкиот дом.

Меѓу другите кои се спротивставија на сведочењето се и државниот секретар Мајк Помпео, поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и вршителотот на должност шеф на канцеларијата на Белата куќа, Мик Мулвани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG