Линкови за пристапност

Истрагата за импичмент Трамп ја оцени како пуч


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја оцени истрагата за импичмент против него како „пуч“, додека шефовите на неколку комисии на Претставничкиот дом го обвинуваат државниот секретар Мајк Помпео дека ги блокирал напорите за собирање документи и интервјуирање на сведоците.

„Заклучувам дека ова што се случува не е импичмент. Тоа е пуч, со цел да се одземе моќта на народот, неговиот глас, слободите, вториот амандман, религијата, војската, граничниот зид и правата како граѓани на САД“, напиша Трамп во порака на Твитер.

Мнозинството демократи во Претставничкиот дом водат истрага за импичмент за да проценат дали официјално да покренат обвинение против Трамп со нивниот уставен авторитет, со цел отстранување на службени лица поради „предавство, мито, или други криминални дела и прекршоци“.

Генералниот инспектор на Стејт департментот се очекува денеска да оствари средба со комисиите за надзор, надворешни работи и разузнавање, при што ќе се разговара за документите што законодавците ги побараа како дел од истрагата во врска со телефонскиот разговор во јули помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Помпео во вторникот испрати писмо до Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом во кое се вели дека барањата за документи од Стејт департментот за сегашни и поранешни функционери „може да се сфатат само како обид за заплашување и неправилно третирање“ на персоналот во одделот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG