Линкови за пристапност

Судска покана испратена и до адвокатот на Трамп во истрагата за импичмент


Демократите во Претставничкиот дом на САД ја продолжуваат истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп со судски покани со кои бараат документи од неговиот личен адвокат и неговиот државен секретар, како и со сослушувања закажани за оваа недела со поранешни функционери вклучени во политиката на САД и Украина.

Шефовите на комисиите за надворешни работи, разузнавање и надзор побараа од државниот секретар Мајк Помпео до четврток да издаде документи поврзани со истрагата што започна, откако свиркачот ги достави наводите во кои изрази загриженост дека Трамп „ја користи својата положба за да побара мешање од странска земја на изборите во САД во 2020 година “.

Претседателите на комисиите, Елиот Енгл, Адам Шиф и Елија Кумингс исто така издадоа судски покана за адвокатот на Трамп Руди Џулијани со рок до 15 октомври.

Тие побараа текстуални пораки, телефонски записи и други комуникации „посочувајќи дека можеби и други функционери од администрацијата Трамп можеби биле вклучени“.

Џулијани во порака на Твитер напиша дека ја примил судската покана и ќе ѝ посвети „должно внимание“.

Toj ги критикуваше демократите дека немаат „основа за импичмент“.

Настаните следат по наводите на свиркачот, кој тврди дека Трамп, во телефонски повик на 25 јули, побарал помош од претседателот на Украина Володимир Зеленски преку откривање на инкриминирачки информации за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер. Тоа би ги намалило изгледите на Бајден да ја освои претседателската номинација од Демократската партија и да го предизвика Трамп на изборите во 2020 година.

Адвокатите кои го застапуваат свиркачот, чии наводи предизвикаа барање за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп, велат дека е неопходно да се заштити идентитетот на лицето, додека претседателот вели дека заслужува да се соочи со оној кој го обвинува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG