Линкови за пристапност

Трамп бара средба со свиркачот


Trump Impeachment Transcript
Trump Impeachment Transcript

Адвокатите кои го застапуваат свиркачот бараат заштита на неговиот идентитет

Адвокатите кои го застапуваат свиркачот, чии наводи предизвикаа барање за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп, велат дека е неопходно да се заштити идентитетот на лицето, додека претседателот вели дека заслужува да се соочи со оној кој го обвинува.

Правниот тим предводен од Ендрју Бекај во неделата издаде соопштение во кое се вели дека адвокатите продолжуваат да работат со Демократите и Републиканците во Конгресот за да ја финализираат логистиката за средба на свиркачот со законодавците, но дека за тоа не е одреден датум.

Друг адвокат, Марк Заид, го негираше извештајот дека свиркачот е под федерална заштита заради безбедносни причини.

Правната група објави копија од писмото што го испрати до Кабинетот на директорот на националното разузнавање во кое се вели дека нивната загриженост за личната безбедност на свиркачот се зголемила во текот на изминатата недела, и дека „очекуваат состојбата да се влоши“. Тие како доказ ја цитираа изјавата на претседателот. Адвокатите исто така рекоа дека се свесни дека луѓето нудат значителни суми пари за информации за идентитетот на свиркачот.

„Сакам да знам кој му ги даде информациите на свиркачот, бидејќи тоа е блиску до шпион. Знаете ли што правевме порано со шпионите? Некогаш кон нив се однесувавме малку поинаку одошто сега“, рече Трамп во четвртокот.

„Како и секој Американец заслужувам да го сретнам тој кој што ме обвинува“, напиша Трамп синоќа во порака на Твитер.

Настаните следат по наводите на свиркачот, кој тврди дека Трамп, во телефонски повик на 25 јули, побарал помош од претседателот на Украина Володимир Зеленски преку откривање на инкриминирачки информации за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер. Тоа би ги намалило изгледите на Бајден да ја освои претседателската номинација од Демократската партија и да го предизвика Трамп на изборите во 2020 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG