Линкови за пристапност

Контроверзите околу свиркачот продолжуваат


Трамп денеска повика, демократскиот претседател на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, Адам Шиф, да си поднесе оставка поради наводно погрешно претставување на информации за време на сослушувањето во Конгресот

Контроверзите околу свиркачот вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп продолжија и денеска со повик за оставка на клучен пратеник, поради наводно, погрешно претставување на информации за време на сослушувањето во Конгресот.

Настаните следат по наводите на свиркачот, кој тврди дека Трамп, во телефонски повик на 25 јули, побарал помош од новиот претседател на Украина преку откривање на инкриминирачки информации за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер. Тоа би ги намалило изгледите на Бајден да ја освои претседателската номинација од Демократската партија и да го предизвика Трамп на изборите во 2020 година.

Трамп денеска повика, демократскиот претседател на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, Адам Шиф, да си поднесе оставка поради наводно погрешно претставување на информации за време на сослушувањето во четвртокот во Конгресот, а во врска со одложувањето на доставувањето на наводите на свиркачот од страна на администрацијата до Конгресот.

„Тој наводно ја читал точната транскриптирана верзија на повикот, но целосно ги смени зборовите за да направи тоа да звучи грозно, а јас да звучам виновен“, напиша Трамп во порака на Твитер.

„Адам Шиф го лажеше Конгресот и се обиде да ја измами американската јавност“, рече Трамп. „Барам тој веднаш да се повлече од Конгресот, поради оваа измама!“

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1177560985441361922 ]]

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1177560986666098690 ]]

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG