Вршителот на должност директор на американската национална разузнавачка служба, Џозеф Магваер, кој го блокираше објавувањето на наводите на свиркачот во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп,денеска во јавно сведочење пред законодавците изјави дека притоа ги почитувал сите законски прописи.
Мегваер пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом изјави дека не може законски да ги открие наводите затоа што „нема овластување да се откаже“ од извршната привилегија.
Исто така, Џозеф Мегваер треба зад затворени врати да разговара со членовите на разузнавачката комисија на Сенатот.
Пред неговото јавно сведочење, Комисијата на Претставничкиот дом го објави текстот од наводите на свиркачот.
„За време на мојата службена должност, добив информација од повеќе американски владини претставници дека претседателот на САД ја користи моќта на својата положбаза да побара вмешување од странска земја на изборите во САД во 2020 година“, се вели во текстот од наводите. Во него се додава дека личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани е централна фигура во овој обид и дека се чини дека е вклучен и генералниот правобранител Вилијам Бар.
Во наводите, исто така, се вели дека Белата куќа тогаш се обидела да спречи јавно објавување на информациите.
Во наводите се вели и дека официјални претставници на Белата куќа изразија голема загриженост поради сведочењето дека Трамп „ја злоупотребил својата положба за лична корист“ за време на телефонскиот разговор во јули со украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Белата куќа ги отфрли наводите како „ништо друго освен збирка на трети извештаи за настани и испреплетени новински исечоци - сето тоа не покажува ништо неправилно“.
Контроверзите започнаа минатата недела кога се појавија извештаи дека неидентификуван свиркач алармирал за активности во администрацијата на Трамп, меѓу кои телефонскиот разговор во јули помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По извештаите дека Трамп побарал од Украинскиот претседател, Володимир Зеленски да покрене истрага за ангажман на синот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во украинска компанија за гас на високо платена позиција, спикерката на Претставничкиот дом и лидерка на демократите во американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави и официјална истрага за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп и обвини дека ја условил помошта за странска влада со неговиот реизбор во 2020 година.
Facebook Forum