Линкови за пристапност

Пелоси: Фактите се очигледни, Трамп ја злоупотребил моќта


Спикерката на Претставничкиот дом денес побара да се спроведе постапката за импичмент на претседателот

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси побара од демократските лидери официјално да продолжат со постапката за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп, велејќи дека тој ја злуопутребил претседателската позиција.

Пелоси рече дека Трамп не ги следел нормите на претседателско однесување, прекршувајќи ја заклетвата дека ќе го почитува Уставот на САД, барајќи од Украина да отвори истрага против еден од неговите политички противници на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

„Фактите се очигледни. Претседателот ја злупотреби моќта да обезбеди сопствена политичка корист на штета на националната безбедност“, изјави Пелоси.

Иако таа не прецизираше рок за гласање, Претставничкиот дом би можел да гласа за имипчмент на Трамп пред божиќната сезона на крајот на месецот.

Тоа ќе овозможи постапката да се префрли во Сенатот во јануари, каде многу веројатно нема да се отстрани претседателот од функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG