Линкови за пристапност

Американскиот амбасадор во ЕУ Гордон Сондланд ќе сведочи во постапката за импичмент на Трамп


Американската конгресна комисија за разузнавање денес ќе го слушне сведочењето на клучниот сведок во наводите дека претседателот Доналд Трамп вршел притисок врз Украина за инкриминирање на информации за неговиот политички ривал од Демократската партија.

Американскиот амбасадор во Европската Унија Гордон Сондланд ќе биде првиот сведок кој имал директна комуникација со претседателот и кој јавно ќе сведочи во процесот за импичмент предводен од демократите.

Според сведочењето на другите сведоци, Сондланд зборувал со Трамп во повеќе наврати од средината на јули до средината на септември, што може да расветли дали Трамп ја злоупотребил својата позиција преку американската безбедносна помош за контингентот на Украина за Киев да ја истражи енергетската компанија во чиј борд беше синот на поранешниот потпретседател и политички ривал Џо Бајден.

Сондланд најверојатно ќе се соочи со тешки прашања од страна на демократските и републиканските законодавци откако тој го ревидираше своето претходно сведочење велејќи дека постои врска помеѓу задржувањето на 391 милион долари помош за Украина и истрагата која ја сакал Трамп. Тој во октомври сведочеше дека не знаел за било какви предуслови за помошта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG