Линкови за пристапност

Адвокатите на демократите и републиканците ги соочуваат доказите за импичмент пред Претставничкиот дом


До крајот на неделата се очекува можно гласање за отстранување на претседателот

Адвокатите на демократите и републиканците денес ќе ги презентираат доказите пред Комисијата за правосудство во Претставничкиот дом, а до крајот на неделата се очекува можно гласање за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

На денешното сослушување ќе учествуваат адвокатите и од Комисијата за правосудство и од Комисијата за разузнавање.

Белата куќа нема да учествува. Советникот Пет Сиполон ја критикуваше истрагата за импичмент, велејќи дека е комплетно неоснована.

Вчеравечерта, пак, Трамп на Твитер напиша дека процесот за импичмент е лов на вештерки, нагласуваќи дека имало нефер однос кон него.

Претседавачот со Комисијата за правосудство Џеролд Надлер, за Си-Ен-Ен, изјави дека Трамп би бил прогласен за виновен во рок од три минути доколку протов него се водело кривична постапка во суд, за злуопотреба на моќта при барањето Украина да отвори истрага против неговиот политички ривал на изборите 2020 Џо Бајден.

Надлер рече дека ако Трамп имал каков било јасен доказ тој би го пријавил, место да одбива да учествува во истрагата.

Засега не е јасно врз колку основи ќе се базира постапката за импичмент, но, Надлер рече дека Комисијата за правосудство би можла да гласа до крајот на оваа недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG