Линкови за пристапност

Трамп нема одговорност за нападот на Конгресот, изјавија неговите адвокати пред Сенатот


Според нив, насилството во Конгресот е незаконски и неприфатливо, но, оти поранешниот претседател немал улога во негово поттикнување

Адвокатите на Доналд Трамп ги презентираат аргументите за одбрана на поранешниот претседател во процесот за негов импичмент.

Според нив, Трамп немал одговорност за смртоносниот напад на Конгресот, и оти не било уставно тој да биде отповикан кога веќе не е на функција.

Тие велат дека насилството во Конгресот, што остави пет мртви, било незаконски и неприфатливо, но, оти поранешниот претседател немал улога во поттикнување на нападот.

Одбраната на Трамп претходно изјави дека би ѝ било потребно само еден ден да ги изнесе аргументите пред Сенатот, иако има право тоа да го направи во рок од 16 часа во тек на два дена.

Адвокатите ги презентираат доказите без сведочење на Трамп, кој одби да учествува на денешното сослушување во Сенатот.

Денешната одбрана уследи по дводневна презентација на демократите од Претставничкиот дом, кои ја поврзаа реториката на Трамп со нападот на 6. јануари од страна на демонстранти, кои се обидоа да ја спречат потврдата на резултатите од претседателските избори во 2020.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG