Линкови за пристапност

Потенцијални нови докази во истрагата за импичмент на Трамп


Претставничкиот дом денес гласа да се испратат обвиненијата во Сенатот

Претставничкиот дом денес гласа да се испратат во Сенатот обвиненијата за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп.

Истовремено, истражителите во Претставничкиот дом испратија нови документи во Конгресната комисија од Лев Парнас, близок соработник на личниот адвокат на Трамп Руди Џулијани, како потенцијални нови докази во очекуваното солушување во Сенатот, најверојатно на почетокот на следната недела.

Документите, кои содржат рачно напишани забелешки, електронски пораки и телефонски разговори, обезбедуваат нови детали за барањето од Украина да отвори истрага за политичките ривали на Трамп, откако претседателот ја повлече воената помош за државата.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, ја одбива идејата да се повикаат сведоци на сослушувањето, велејќи дека конечната одлука за тоа ќе се случи подоцна во процесот.

Претставничкиот дом денес се очекува да ги именува и новите директори за импичмент, меѓу кои најевројатно ќе се најдат претседавачот со Комисијата за разузнавање Адам Шиф и претседавачот со Законодавната комисија Џеролд Надлер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG