Белата куќа, по месеци истрага за импичмент во Претставничкиот дом, сега јавно прифаќа сослушување во Сенатот, кој е под контрола на републиканците.
Претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер им порача на демократите дека ако сакаат да го отстранат од функцијата, тоа да го направат брзо, со цел да има фер процес во Сенатот.
„Така што нашата држава ќе се врати во нормална функција“, рече Трамп.
Оваа порака дојде пред спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси да побара од демократите да продолжат со истрагата за импичмент, велејќи дека Трамп ја злоупотребил моќта на функцијата.
Пелоси рече дека Трамп не ги следел нормите на претседателско однесување, прекршувајќи ја заклетвата дека ќе го почитува Уставот на САД, барајќи од Украина да отвори истрага против еден од неговите политички противници на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бајден.
„Фактите се очигледни. Претседателот ја злупотреби моќта да обезбеди сопствена политичка корист на штета на националната безбедност“, изјави вчера Пелоси.
Трамп реагираше на нејзината изјава, велејќи дека демократите сакаат да спороведат импичмент за, како што вели тој, ништо.
Facebook Forum