Линкови за пристапност

Истрагата за импичмент денес продолжува во Комисијата за правосудство


На распит ќе бидат четворица правни експерти, кои ќе дискутираат за уставната основа за импичмент на претседателот

Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом денес почнува со првите сослушувања во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп. На распит ќе бидат четворица правни експерти, кои ќе дискутираат за уставната основа за импичмент.

Сослушувањата доаѓаат ден откако Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом објави извештај на 300 страници, во кои претседателот Трамп се обвинува за злоупотреба при барањето од Украина политичка помош во изборите 2020 година, како и за обид за опструкција на Конгресот при истрагата на неговите бизниси.

„Претседателот за ова ги информирал Стејт департментот, Канцеларијата за буџет и менаџмент, која има информации за повлекување на воената помош, Одделот за одбрана, вработените во Белата куќа, кои одбија да достават документи во Конгресот. Претседателот им даде наредби на сведоци да не се појават“, изјави Адам Шиф, претседавач со Комисијата.

Трамп на Самитот на НАТО во Лондон ја критикуваше истрагата за импичмент, велејќи дека Републиканската партија никогаш не била пообединета од сега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG