Линкови за пристапност

Двајца советници за Украина од Стејт департментот денес на распит во Конгресот


Вчера сведочеше воениот офицер од Советот за национална безбедност во Белата куќа Александер Виндман

Двајца советници за Украина од Стејт департментот, денес се на распит во Конгресот, како дел од истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Вчера, пак, сведочеше воениот офицер од Советот за национална безбедност во Белата куќа Александер Виндман, кој рече дека е загрижен оти Трамп побарал Украина да ги истражува неговите политички противници.

Виндман пред надлежните комисии на Претсавничкиот дом, кажал дека бил меѓу оние што го слушале телефонскиот разговор на Трамп со украинскиот претседател Володомир Зеленски, на 25 јули годинава.

Во подготвениот говор, Виндман вели дека смета оти не е соодветно да се бара странска влада да истражува американски граѓанин.

Демократите сакаат да дознаат дали Трамп задржал 400 милиони долари воена помош за Украина, ако Зеленски јавно не се согласел за истрагите.

Трамп ја нарече истрагата нелегитимна, додека Белата куќа и републиканците реагираат оти конгресните истраги се одвивале зад затворени врати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG