Линкови за пристапност

Поранешната советничка на Трамп за Русија сведочеше дека се противела на повлекувањето на амбасадорката од Украина


Таа сведочеше зад затворени врати, а детали од распитот беа објавени во Асошиетед прес, Њујорк тајмс и Вашингтон пост

Фиона Хил, поранешната висока советничка на претседателот на САД Доналд Трамп за Русија и Европа, вчера сведочеше дека силно се противела на повлекувањето на поранешната амбасадорка во Укрина Мари Јованович, и оти поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и` кажал на Хил да покрене прашање за загриженост во врска со напорите да се притисне Украина со адвокатите на Белата куќа.

Хил сведочеше зад затворени врати, но, детали од распитот беа објавени во Асошиетед прес, Њујорк тајмс и Вашингтон пост, цитирајќи луѓе информирани за нејзиниот исказ.

До јули, кога таа ја напушти Белата куќа, Хил беше директорка за Европа и Русија во Советот за национална безбедност на Трамп, со длабоко познавање на надворешната американска политика.

Минатата недела, Јованович, дипломатка на Стејт департментот, им кажа на законодавците дека Трамп ја тргнал од функцијата амбасадорка во Украина, врз база на неосновани и неточни тврдења, откако личниот адвокат на Трамп Руди Џулијани ја нападна нејзината работа во Киев.

Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володомир Зеленски во јули годинава, побара Украина да отвори истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG