Линкови за пристапност

Трамп не е загрижен поради можен импичмент


Тешко е да направите импичмент на некој што не направил ништо лошо, вели претседателот во интервју за Ројтерс

Претседателот на САД Доналд Трамп, во интервју за Ројтерс, изјави дека не е загрижен од можен импичмент.

„Тешко е да направите импичмент на некој што не направил ништо лошо, и кој е заслужен за најдобрата економија во историјата на нашата држава“, вели Трамп.

Демократите го покренаа ова прашање поврзано со исплатите направени од адвокатот на Трамп Мајкл Коен кон две жени пред изборите во 2016-та година, што според федералните обвинители, Трамп тоа го нарачал.

Демократите сметаат дека сумата пари за придонес во кампањата била над легалниот лимит, и оти не била соодветно откриена од кампањата на претседателот.

Дел од демократските законодавци веруваат дека ваквата ситуација е основа за импичмент, додека високи партиски лидери не се сигурни дали ова е сериозно кривично дело за поведување постапка за симнување на претседателот од власт.

Трамп, меѓудругото во интервјуто, вели дека исплатите не биле придонес за кампањата, и оти нема прекршување врз основа на тоа што тој го направил.

Процедурата за импичмент ќе подразбира просто мнозинство во Претставничкиот дом, врз кој демократите ќе преземат контрола следниот месец, а потоа и двотретинско мнозинство во Сенатот, предводен од републиканците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG