Линкови за пристапност

Трамп: Ако бидам сменет од функцијата, ќе падне берзата


Во интервју за „Фокс њуз“ претседателот зборуваше за последиците од можниот импичмент против него

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека ако тој биде симнат од функцијата верува дека би паднала берзата. Во интервју за „Фокс њуз“ тој зборуваше за последиците од можниот импичмент против него.

Тој вели дека не постои причина за негов импичмент оти тој работел одлично.

Дебатата за можен импичмент се зголеми изминативе денови, откако пораншениот менаџер на кампањата на Трамп Пол Манафорт беше обвинет по осум основи за злоупотреба.

Долгогодишниот адвокат на претседателот Мајкл Коен, пак, се изјасни виновен за плаќање пари за замолчување на две жени, кои тврдат дека имале афера со претседателот. Ова се случило при крајот на претседателската кампања во 2016-та година.

Според некои анализи, случајот на Коен може да биде основа за импичмент на претседателот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG