Линкови за пристапност

Трамп ги пофали растурањето на караванот имигранти


Белата куќа потврди дека САД ќе испратат членови на Националната гарда долж границата со Мексико

Претседателот на САД Доналд Трамп, го пофали мексиканскиот правен систем за растурање на караван мигранти од Централна Америка, кои потоа се движат кон север низ Мексико, а некои се упатуваат кон САД. Тој ја пофали неговата администрација за драматичен пад на бројот на имигранти кои ја преминале југозападна граница.

„Караванот во голема мера е растурен, благодарение на силните имиграциони закони на Мексико и нивната подготвеност да ги употребат за да не предизвикаат огромна сцена на нашата граница“, Трамп објави на Твитер. Toj кажа и дека ова се случува во време кога илегалните гранични премини се на најниско ниво последниве 46 години и повика на стопирање на шверцот со дрога. Оттука и оправдувањето за неговото барање за изградба на ѕид долж границата со Мексико од 1.127 километри.

Мексикански официјални лица изјавија дека караванот почнал да се растерува, но некои од луѓето во него рекле дека ќе продолжат.

Претставници на Белата куќа, соопштија дека актуелната администрација планира да испрати трупи на Националната гарда на јужната граница со Мексико, како дел од напорите на претседателот Доналд Трамп да се соочат со, како што вели, сé поголемиот проблем со илегалните имигранти.

Сепак, главните делови од овој потег се нејасни, вклучувајќи колку војници ќе бидат испратени, кога ќе се распоредат, или што точно ќе направат.

И други претседатели на САД испраќале членови на Гардата на границата, но во улога на поддршка.

Секретарката на Одделот за домашна безбедност Кирстен Нилсен, исто така не даде детали колкава ќе биде бројноста, но, како што кажа, ќе бидат испратени толку колку што е потребно да се пополнат пропустите.

Виш претставник на администрацијата на Трамп одби да каже дали војниците на Националната гарда ќе бидат вооружени, велејќи дека тоа прашање и натаму се разгледува. Тој сепак додаде дека силите ќе бидат ефективни.

Претседателот Трамп во средата потпиша проглас за одобрување на овој потег, но сојузните држави воедно мора да ја одобрат одлуката пред да ги распоредат свои членови на гардата од нивните редови.

Трамп на неколкупати се закани дека ќе распореди војска за да помогне во обезбедувањето на границата, особено кога караванот мигранти од Централна Америка се приближува кон мексиканско-американската граница.

Се работи за група од околу 1.200 мигранти кои минале 2.000 километри од границата на Мексико со Гватемала. Некои велат дека ќе бараат азил во САД, како што е дозволено според законот на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG