Линкови за пристапност

Трамп најавува кратење на легалната имиграција во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со двајца републикански сенатори се очекува да најави предлог-закон за намалување на легалната имиграција.

Претходно годинава, сенаторите Том Котон и Дејвид Пердју претставија легислатива чија цел е скратување на бројот на имигрантите со легален престој во САД од еден милион, на 500.000 лица годишно.

Предлог-законот, што допрва треба мине во Сенатот, повикува и на ограничување за влез на членови на семејствата на имигрантите, ставање крај на програмата на лотарија или „зелена карта“, со што се отежнува и процесот за нејзино добивање.

Трамп на двапати се состана со сенаторите на разговори за легислативата, која има за цел исполнување на една од неговите главни цели во политиката за реформи во имиграциониот закон на САД.

За време неодамнешен говор во Охајо, американскиот претседател зборуваше за „систем базиран на заслуги“.

„Наместо актуелниот систем за лица кои поседуваат мошне мали вештини, којшто е ужасен, при што секој може да дојде, луѓе кои никогаш не работеле, луѓе кои се криминалци, сакаме систем заснован на заслуги, кој ги заштитува работниците, нашите работници, нашите даночни обврзници, такој што би ја штител нашата економија“, рече Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG