Линкови за пристапност

Трамп ја брани имиграционата забрана


Групите за заштита на правата вршат притисок за легислативна акција додека илјадници протестираат низ САД

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ја брани неговата извршна наредба за забрана на влез на бегалци и лица од седум држави во кои мнозинството се муслимани, додека групи за човекови права повикуваат на легална акција. Илјадници луѓе протестираа во градови низ САД, а претставници од Демократската партија работат на легислатива за блокирање на забраната.

Во неколку пораки објавени на Твитер во понеделникот, Трамп вели дека секретарот на Одделот за домашна безбедност, Џон Кели му кажал дека „се` оди добро, со незначителни проблеми.“ Тој додаде дека „големите проблеми на аеродромите“ биле предизвикани од компјутерски проблеми што ја погодиле авиокомпанијата Делта, протестантите и „солзите на“ лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер.

Шумер во неделата го повика Трамп да ја повлече извршната наредба, и на момент изгледаше како да ги задржува солзите.

Наредбата издадена од Трамп од петокот вклучува 120 дена забрана за влез на бегалци, и 90 дена забрана за влез на лица од Ирак, Иран, Сирија, Сомалија, Судан, Либија и Јемен.

Спроведувањето на наредбата доведе до забуни, посебно на аеродромите каде во неколку случаи лица со зелени карти за постојан престој биле задржани за дополнително испрашување, пред да им се дозволи влез во земјата.

Секретарот за домашна безбедност, Кели во неделата побара појаснување, велејќи дека верува оти „влезот на лицата кои имаат дозвола за постојан престој е од национален интерес.“

Во посебно соопштение, Одделот за домашна безбедност кажа дека владата го задржува правото да отповика визи во секое време, кога е во прашање националната безбедност. Ова уследи по вонредна наредба од федерален суд во Њујорк за времена забрана на депортација на лица кои пристигнале на американските аеродроми со важечка виза или одобрена апликација за бегалец.

Судијката Ен Донели напиша „Постои опасност дека ... ќе направи непоправлива штета за бегалците, лицата кои имаат визи и други лица од држави“ кои се предмет на претседателката наредба.

XS
SM
MD
LG