Линкови за пристапност

Трамп ја објави визијата за имиграционата политика


P
P

Демократите жестоко се спротивставуваат на планот

Американскиот претседател Доналд Трамп стави јасно до знаење дека за постигнување на договор со демократите, со цел лицата кои како деца нелегално биле донесени во САД, ќе можат да останат во државата, ќе инсистира на реформа на системот за зелени карти, ангажирање на нови 10.000 имиграциони офицери и изградба на ѕид долж јужната граница.

Минатиот месец, Трамп ги објави плановите за прекинување на Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA), од времето на поранешниот претседател Барак Обама со која од депортација се штитеа стотици илјади млади лица, кои како деца по илегален пат биле донесени во САД.

Трамп во вчерашното писмо до конгресните лидери ја објави неговата листа барања во врска со имиграционата политика, кои вклучуваат ограничување на зелените карти за членови на семејствата и брачните партнери и малолетни деца на државјани на САД, притоа создавајќи систем за заслуги, преку кој ќе се одбере кој ќе може да имигрира, како и да се намали бројот за прием на бегалци.

Трамп вели дека овие чекори ќе „промовираат финансиски успех и асимилација на новодојдените“, истовремено заштитувајќи ги платите на американските работници.

Тој воедно сака да ја прошири листата на криминални дела што придонесуваат некој да биде неподобен за имигрирање во САД, како членство во банда, семејно насилство, злоупотреба на деца и возење во алкохолизирана состојба. Овие прекршоци би ја направиле полесна депортацијата на лица од САД.

Според предложениот систем на Трамп, работодавците низ целата земја ќе треба да користат електронски систем за верификација на имигрантскиот статус пред вработување. Тој исто така, сака да ги принуди локалните полициски одделенија да соработуваат поблиску со федералните агенции.

Но, демократските водачи жестоко се спротивставуваат со предлогот.

Во заедничката изјава, лидерката на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, рекоа дека барањата „одат подалеку од она што е разумно“.

Јавниот правобранител Џеф Сешнс, го поддржа планот на Трамп.

Трамп му даде на Конгресот шест месеци да излезе со закон за заштита од депортација на речиси 800.000 лица - корисници на програмата ДАКА.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG