Линкови за пристапност

Белата куќа предложи 1,8 милиони имигранти да добијат државјанство


Законодавците можат да го прифатат или отфрлат предлогот

Белата куќа објави детали, за како што ја нарече, компромисна рамка за имиграција. Законодавците можат да го прифатат или отфрлат предлогот.

Предлогот подразбира 1,8 милиони млади имигранти, кои во САД биле донесени како деца, да добијат шанса за добивање на државјанство, која, сепак, ќе биде условена.

„Оваа рамка го исполнува договорот во четирите точки: обезбедување на границата и поништување на законските пропусти, ставање крај на семејната миграција, укинување на Лотаријата за зелена карта, како и наоѓање трајно решение за програмата на Одложено пристигнување на деца (ДАКА). По неколку децении неактивност на Конгресот, време е да работиме заедно за да го решиме проблемот еднаш засекогаш“, рече портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс.

За оние корисници, на кои им било дозволено да останат во САД преку програмата ДАКА, како и други кои ги исполниле истите критериуми, се отвора пат од десет до 12 години можност за добивање државјанство.

Претседателот Доналд Трамп, кој претходно ја најави содржината на предлогот, пред новинарите рече, дека треба да им се каже на лицата, заштитени со ДАКА, да не се грижат.

Рамката за реформи за имиграцијата и граничната безбедност беше објавена од администрацијата на Трамп, четири дена порано од закажаното.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG