Линкови за пристапност

Никој не знае каде одат реформите за имиграција


Трамп изјави дека ова е „голема победа на републиканците со попуштањето на демократите за затворањето на владата. Сега сакам голема победа за сите“

Со тридневниот прекин на работењето на владата на САД, претседателот Доналд Трамп вели дека го свртел вниманието за решавање на имиграциските проблеми, но не е сигурен дека ќе се најде решение за брзо време.

Трамп ги пофали демократските сенатори поттикнати од нивните барања дека околу 800 илјади млади илегални имигранти ќе останат без заштита од депортација, како дел од новата мерка за трошење што ќе ја финансира владата до 8-ми февруари.

Лидерот на републиканскиот Сенат Мич Меконел, се согласи дека прашањето на депортацијата ќе биде разгледано до тогаш, или кратко време потоа, за да ги задржи имигрантите во САД под програмата ДАКА. Но, прашањето е поврзано со барањата на Трамп дека Конгресот исто така одобрува финансирање за изградба на ѕид по должината на јужната граница од 3.200 километри со Мексико и со тоа ги заостри другите елементи на оваа политика, за да спречи илегална имиграција.

„Никој не знае со сигурност дека републиканците и демократите ќе можат да постигнат договор до февруари за заштита на корисниците на ДАКА“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека „секој ќе се обидува голем дополнителен фокус да се стави на воената сила и граничната безбедност. Демократите штотуку научија дека затворањето на владата не е одговор“.

Претходно Трамп изјави дека ова е „голема победа на републиканците со попуштањето на демократите околу затворањето на владата. Сега сакам голема победа за сите, вклучувајќи ги и републиканците и демократите“, и имигрантите опфатени со програмата ДАКА од поранешниот претседател Барак Обама. Трамп му даде на Конгресот време до 5-ти март да размислува за ова прашање.

„Би можеле да стигнеме до таму“, напиша Трамп и додаде: „се гледаме на преговарачка маса“.

Тој изрази поддршка за да им дозволи на имигрантите да останат во САД, единствената земја во која живеат многумина од таканаречените „сонувачи“, како што честопати ги викаат нивните адвокати. Но, американскиот претседател усвои и строги мерки за ставање крај на „лотаријата за зелена карта“, за која вели дека другите земји можат во САД да ги испратат своите најлоши државјани, а оваа програма воедно на имигрантите им дозволува подоцна да ги донесат и своите членови на семејството.

Директорот за буџет на Белата куќа Мик Мулвани, за ТВ-мрежата Си-Ен-Ен изјави:, „Сакаме голем договор, голема работа. Сакаме да се справиме одеднаш со целокупното прашање за имиграција“.

Тој рече дека позицијата на Трамп за заштита на младите имигранти од депортација зависи од она што ќе го добиеме во замена. „Што добиваме за безбедноста на границите? Што ќе добиеме за изградба на ѕидот?“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG