Линкови за пристапност

Демократите за ДАКА, Трамп за ѕидот...


Ако не се договорат, владата ќе остане без пари на крајот на неделата

Претседателот на САД Доналд Трамп, денес ги критикуваше демократите, велејќи дека нивните барања за вклучување на програмата ДАКА, која се однесува на заштита на младите недокументирани имигранти кои дошле во државата како деца, го спречува донесувањето на буџетот, што најмногу ќе се одрази врз армијата на САД:

„Демократите сакаат да ја затворат владата, поради амнестијата за граничната безбедност. Најголемиот губитник ќе биде обновувањето на армијата, во време кога ни` е најпотребна. Потребен ни` е систем за имиграција заснован на заслуги, и ни` треба токму сега! Лотаријата за зелена карта е опасна“, напиша Трамп на Твитер.

Конгресната дискусија во Белата куќа во врска со ДАКА се прошири на низа итни состаноци оваа недела, со цел да се задржи функционалноста на владата и после петок на полноќ, кога истекува актуелното финансирање.

Демократите велат дека се противат на мерката која не ги заштитува младите имигранти. Ова предизвика реакција кај Трамп, кој иасто така преку Твитер, напиша дека буџетот мора да ги задоволи неговите барања за построга безбедност на границите.

„Безбедност ни` е најпотребна на јужната граница, и мора да го изградиме големиот ѕид за да не` заштити, а во исто време да го спречиме масовниот прилив на дрога што влегува во нашата земја!“.

Трамп го поврзува проширувањето на програмата ДАКА, за која се залагаше неговиот претходник Барак Обама, со финансирањето на ѕидот што тој го изградил долж границата на САД и Мексико.

Изградбата на ѕид за да се спречи понатамошната илегална имиграција, беше ветувањето на Трамп за време на неговата претседателска кампања.

Демократите бараат програмата ДАКА да биде одделно прашање од градењето на ѕидот. Трамп во септември минатата година потпиша извршна наредба со која се става крај на ДАКА, но му дозволи на Конгресот до 5-ти март повторно да размисли по ова прашање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG