Линкови за пристапност

Судија од Калифорнија ја блокираше одлуката на Трамп да ја укине ДАКА


Тој рече дека Програмата треба да остане активна, се` додека не решат легалните предизвици околу неа

Федерален судија од сојузна држава Калифорнија и` нареди на администрацијата на Трамп да ја остави во сила Програмата за одложено пристигнување деца (ДАКА), со која се заштитуваат од депортација стотици илјади имигранти, кои нелегално влегле во државата кога биле деца.

Судската наредба уследи неколку часа, откако претседателот Доналд Трамп вчера им кажа на законодавците дека ќе потпише каква било легислатива за ДАКА, за која тие ќе се договорат.

Во септември минатата година, Трамп ја укина ДАКА, и му даде на Конгресот време од шест месеци да најде легислативен начин да ја промени Програмата, која опфаќа околу 800.000 имигранти.

Судијата одлучи во корист на група лица и институции, вклучувајќи го Универзитетот на Калифорнија, кој ја тужеше Владата поради барањето да се стави крај на оваа програма.

Тој рече дека Програмата треба да остане активна, се` додека не решат легалните предизвици, оти во спротивно овие лица „многу веројатно ќе претрпат сериозна, непоправлива штета“.

Според него, продолжувањето на програмата ќе биде од јавен интерес.

Судската наредба се однесува на сите лица опфатени со програмата пред одлуката на Трамп да ја укине во септември, и според неа, треба да им биде дозволено тие да ги обноват документите.

Но, Владата се` уште не ги процесирала новите апликации за лицата кои првпат се обидуваат да аплицираат за Програмата, и најави депортација секој што претставува ризик за националната и јавната безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG